Салата „Јасмин“ станува центар за вакцинација, Тиквеш се „сели“ во Неготино

Тимот на Тиквеш од Кавадарци преостанатите шест натпревари од плеј-аутот во Суперлигата нема да ги одигра на домашен терен.

Салата „Јасмин“ ќе биде центар за вакцинација против коронавирусот, па раководството на кавадарчани мораше да побара алтернативна сала за своите натпревари.

Тоа ќе биде салата на гимназијата „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино, каде што натпреварите ги игра прволигашот Вардар Неготино.

Претходно и тимот на Охрид мораше да бара алтернативна сала, па сега настапува во „Тодор Александров“ во Велгошти.