Саздовска ја водеше Дунареа до триумф во Франција

Репрезентативката на Македонија, Јована Саздовска, игра одлична сезона во дресот на Дунареа Браила.

Покрај одличните настапи во романскиот шампионат, Саздовска прикажува одлични настапи во Лига на Европа.

На денешниот натпревар од групната фаза на Лига на Европа, романската екипа  славеше убедливо против Флери Луар со резултат 31:25.

Јована Саздовска беше меѓу најдобрите стрелци на овој натпревар со шест постигнати погодоци од седум обиди.

Дунареа Браила се наоѓа во група Д, а моментално екипата е на третото место со пет освоени бодови во Лига на Европа и има шанси за место во четвртфиналето.