Сагосен „удри“ по ИХФ: Повеќе им се важни парите од нашето здравје!

Репрезентативецот на Норвешка, Сандер Сагосен, во изјава за домашните медиуми беше критички настроен кон Меѓународната ракометна федерација поради одлуката на организаторот на Светското ракометно првенство во Египет, натпреварите на репрезентациите да бидат одиграни со публика.

Организаторот дозволи 20% од капацитетите на арените да бидат исполнети со навивачи, а ваквата одлука предизвика негативни коментари со оглед на тоа што голем број во светот имаат рестриктивни мерки поради ковид пандемијата и некои се во карантин или органичено движење

„Тие повеќе размислуваат за финансиите отколку за здравјето на играчите. Само мислам треба да се признае дека е премногу глупаво со навивачи на трибините со ваква ситуација низ светот“, изјави Сагосен.

Светското ракометно првенство во Египет започнува на 13 јануари, а Норвешка е во група со Франција, Австрија и САД.