Савица Мркиќ номинирана за најдобра интернационалка во Италија

Некогашниот лев бек на Еуростандард Ѓорче Петров и Жито Прилеп, како и на повеќе странски клубови – Савица Мркиќ, игра одлично во италијанскиот шампионат во дресот на Гереире Мало

Таа е номинирана во изборот на италијанската федерација за најдобра интернационалка во конкуренција на Дуран од Одерцо и Гомез од Јоми Салерно.

Гласањето ќе се одвива само денеска и тоа на профилите на италијанската федерација (Фејсбук и Инстаграм), како и на официјалниот сајт на италијанската федерација.

Мркиќ и Гереире Мало на последниот дуел славеа на гости кај Падова со 21-27, а македонскиот лев бек даде девет погодоци, додека претходно во заостанат натпревар победија кај Лено со 23-24 со десет гола на нашата интернационалка.