Савевски за 24Ракомет: Градиме селекција која ќе трае 10-15 години

Сениорската репрезентација на Македонија во женска конкуренција денеска го игра првиот дуел против Србија што ќе биде одлична можност за контрола на она што беше сработено во минатите неколку денови.

Девојките покажаа колку имаат напредувано во минатиот период, па сега на нив е да потврдат во каква форма се наоѓаат и на натпревар. Србија е селекција која има квалитет и сигурно ќе биде одлична проверка.

„Ова ќе биде одлична можност за проверка на формата на девојките. Работат добро и напредуваат. Се забележува дека оние кои играат надвор од Македонија се во добра форма и во одлична подготвеност. Јас верувам во девојките и нашата цел е да обезбедиме иднина за оваа селекција. не само за следните 3-4 години туку целта ни е оваа репрезентација да има иднина во следните 10-15 години. Да не ни се случува она што ни се случи сега“, изјави селекторот Савевски за 24 Ракомет.

Тој очекува дека во следните неколку месеци ќе се види сработеното и дека девојките ќе успеат да го потврдат она што се очекува од нив.

„Убеден сум дека резултатите ќе ги видиме многу брзо. Според тоа како се тренира и се залагаат верувам дека многу пред Европското првенство следниот декември ќе го видиме најдоброто од нив и ќе бидеме подготвени за тој настан“, коментираше Савевски.

Првиот натпревар се игра денеска од 17:30 часот, а вториот е в понеделник. Македонија и понатаму е во исчекување за настап на Мундијалот бидејќи е прва резерва.