РФМ прави „отворен ден“ за клубовите – еднаш месечно средби за сите прашања

Ракометната федерација на Македонија еднаш месечно во иднина ќе прави „отворен ден“ со сите заинтересирани клубови, во насока на подобрување на комуникацијата меѓу куќата на ракометот и клубовите, со една цел – за доброто на македонскиот ракомет.

Тогаш клубовите ќе може да си резервираат термин и да постават прашања или да разговараат за теми што ги интересираат со претставници на федерацијата. Сега со пандемијата е отежната директната комуникација, па федерацијата сака почесто да ги слуша размислувањата, ставовите па и барањата на клубовите. На тој начин ќе се бара решение за се што ги мачи клубовите, без разлика во кој ранг од натпреварувањето се.

Како претходница на оваа одлука, изминатиот викенд во Битола и Кавадарци беа одржани работни состаноци со раководствата на клубовите кои гравитираат во околината (Богданци, Струмица, Радовиш, Неготино, Гевгелија, Свети Николе, како и Прилеп, Ресен, Охрид, Струга и Кичево.

Претставници на клубовите и на федерациите разговараа за системот на натпреварување во тековната и во наредните сезони, за износот на ваучерите кои беа доделени пред една недела…а трендот на ваквите регионални средби ќе продолжи и понатаму.