РФМ подели казни: Тиквеш мина најлошо, суспензии за Раде Стојановиќ и Михајло Младеновиќ

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија ги одреди казните по „третото полувреме“ на средбата меѓу Тиквеш и Охрид одиграна минатиот петок во Кавадарци.

Според билтенот на РФМ, на кој воопшто не е објавено по кој член на Дисциплинскиот правилник се казнети инволвираните во случајот, Дисциплинската комисија одреди три казни.

Кавадаречкиот тим е казнет со 60.000 денари и забрана за присуство на публиката на следните два натпревари од Суперлигата.

Тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ е казнет со суспензија од еден натпревар и нема да го води неговиот тим на езерското дерби против Струга.  Членот на Охрид, Михајло Младеновиќ доби суспензија од два натпревари и нема да игра во 13 и 14 коло од суперлигашката конкуренција.