Рускиот првак најде тренер: Пер Јохансон ќе го води Ростов Дон

Шведскиот стратег Пер Јохансон е нов предводник на рускиот шампион Ростов Дон, кој пред неколку дена остана без Амброс Мартин.

Заминувањето на Мартин беше најавено од пред месец дена, во комбинација беше Хеле Томсен, но таа се одлучи за турскиот Кастамону, па Ростов решението го најде во шведскиот стратег.

Јохансон ги водеше тимовите на Боден и ЧСМ Букурешт, а од 2017 година седи на клупата на женската репрезентацција на Црна Гора.

Ростов Дон ја почна сезоната со трофеј, откако го освои Купот на Русија и славеше во финалето против ЦСКА Москва.