Русија сака пријателски натпревари со Македонија

Машката репрезентација на Русија по суспензијата од ЕХФ не е активна на големите натпреварувања, ниту во квалификациите за истите.

Тамошната федерација е принудена да договора пријателски натпревари, а во интервју за „Брз Центар“ селекторот Велимир Петковиќ откри дека посакува пријателски натпревари со Македонија.

„Јас разговарав со колегите од Македонија, Србија, Хрватска, Катар, Иран, Бахреин и Тунис. Сите се согласија да играат пријателски натпревари со нас, и ја ценат нашата репрезентација. Но желбите секогаш не може да се исполнат. Во принцип во март и април, за време на ЕХФ неделите се играат квалификациите за ЕП 2024 година, па не може да се играат пријателски натпревари. За тој период имаме предлози од Азија и Африка“, вели Петковиќ.

Русија во оваа ЕХФ недела ќе спарингува два пати со селекцијата на Белорусија во Минск.