Русите подготвени на компромис: Би играле на неутрален терен само да бидат дел од натпреварувањата

Како што е веќе познато, ЕХФ на 28 февруари донесе одлука да ги суспендира клубовите од Русија и Белорусија, како и репрезентациите на овие земји поради ситуацијата во Украина.

Освен ЕХФ, суспензија за рускиот и белорускиот ракомет воведе и ИХФ, па така клубовите од Русија и Белорусија, односно руските и белоруските репрезентации останаа изолирани од ракометниот свет.

Сепак, првиот човек на ракометниот сојуз на Русија, Сергеј Шишкарев е подготвен на соработка со ЕХФ и ИХФ. Во разговор за официјалната страна на ракометниот сојуз на Русија, Шишкарев зборуваше за можниот компромис, со цел да му се дозволи на руските тимови и репрезентации да учествуваат на европска и светска сцена, каде што домашните натпревари би ги играле на неутрален терен.

Шишкарев остварил средба со претседателот на ИХФ, Хасан Мустава, како и со претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер, за време на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во Келн.

,,Разговорите со Хасан Мустафа и Михаел Видерер може да се наречат значајни. Уште еднаш слушнавме зборови на поддршка од нив. Хасан Мустафа во својот говор на состанокот на МОК, го пренесе ставот на руската страна која е подготвена да делегира тимови и клубови на турнири без знаме и химна. Уште еднаш го свртевме вниманието на фактот дека без учество на руски тимови, нивото и на женскиот и на машката ракомет значително паѓа. Ракометниот сојуз на Русија ќе упати уште еден апел во врска со враќањето на руските тимови на турнирите под покровителство на ИХФ и ЕХФ. Ова е особено важно кога до Олимпијадата во Париз остануваат само две години. Нашата федерација е подготвена да направи компромиси, но и да направи дополнителни трошоци. На пример, ако треба да ги игра натпревари на неутрални терени”, изјави Шишкарев.

ЕХФ ги суспендираше клубовите и репрезентациите од Русија и Белорусија!