Русинките никако да влезат во форма, загубија уште еднаш од Холандија

Репрезентацијата на Русија никако не може да дојде до посакуваната форма со која ќе може да влезе на Олимписките игри со улога на еден од фаворитите за висок пласман, а тоа се виде и на контролата против Холандија на која беше претрпен пораз од Холандија со 34:37.

Големиот број на примени голови се лош показател така што сега следуваат неколку дена во кои мора да се поправи формата. Инаку, Русинките загубија од Холандија и пред две недели исто така на контролна средба.

Вјахирева беше единствената која беше на нивото како и секогаш и погоди петпати, додека Макеева и Илина реализираа по четирипати. Во Холандија, Хаушер имаше шест, а Смит пет гола.

Контролна средба имаа и женските селекции на Норвешка и Шведска, а Норвежанките дојдоа до триумф од 32:25.

На оваа средба Холандија имаше особено добро второ полувреме во кое имаа убедлива победа. После 16:14 на полувреме, во вториот дел Норвешка надомести и ја потврди разликата во квалитет.

Утре во 6 часот наутро по македонско време контрола имаат и машките селекции на Португалија и Аргентина.