Романците ќе се жалат во ЕХФ за арбитражата на мечот со Црна Гора!

Многу полемики се кренаа во јавноста за судењето на мечот меѓу Романија и Црна Гора, кој го судеа Австријките Врањеш и Хенингер.

Романките уште во текот на мечот реагираа на арбитражата, особено Неагу и Пинтеа, а потоа беше објавена видео компилација од 16 грешки на судијките. Од Романија тврдат дека Врањеш и Хенингер, суделе тендициозно и затоа ќе реагираат во ЕХф.

Романија го загуби дуелот со Црна Гора со 34-35 и така ги загуби шансите за полуфинале, каде пласман обезбедија избраничките на Бојана Поповиќ.

„Сакаме повеќе почитување и професионализам од судиите, како и квалитет за вакво натпреварување. Лошо судење, многу грешки, повеќе од 30 на двете страни, иако ние бевме повеќе оштетени и на крајот на мечот особено. Не знам каква одлука ќе донесе ЕХФ, но за вакво судење нема место на ЕП. Мора да бидат повнимателни кога се бираат арбитрите. Ништо нема да смениме со жалбата, резултатот е тој што е, но можеме да го привлечеме вниманието за вакви грешки да не се повторуваат“, вели за романските медиуми Константин Дин, првиот човек на тамошната ракометна куќа.

По мечот со Црна Гора, Романија го загуби и дуелот со Германија, па остана на последната позиција во групата, и на крај заврши на 12 место на ЕП.