Романтично запросување на островот Крф, Марија Николиќ кажа „ДА“ (ФОТО)

Ракометарката Марија Николиќ, која веќе пет сезони настапува за тимот на ПАОК од Солун, денешниот ден ќе го памети засекогаш.

Нејзиниот дечко Маријан Трајчевски ја запроси поранешната репрезентативка на островот во јужниот сосед – Крф.

На романтично запросување, кое и го приреди Трајчевски, Николиќ одговори потврдно, па наскоро може да очекуваме и свадба.

Николиќ пет сезони настапува во првенството на јужниот сосед, освои четири двојни круни, а во Македонија го носеше дресот на Металург.