Романија го доби балканското дерби, Црногорците немаа шанси

Со денешните пресметки во квалификациите за Европското првенство во 2022 година беше завршено 2. коло кое исто како и првото не беше комплетно.

Поради позитивни случаи со коронавирусот мораше дел од средбите да бидат одложени така што само две групи имаат комплетни резултати.

Во 2. коло најинтересниот дуел се очекуваше во Романија, но таму победникот не беше воопшто во прашање бидејќи домашните успеаја да го решат победникот. Црногорците не можеа да следат и претрпеа пораз со 27:36 така што е јасно дека нивниот дуел во мај ќе донесе одлука за 2. место во групата.

Победи без проблеми забележаа Шведска и Норвешка, кои ја оправдаа улогата на фаворити на гостувањата така што со новите бодови само покажаа дека се на сигурен пат кон пласманот на Европското првенство.

Сите резултати од 2. коло и табелите од осумте групи може да се погледнат во продолжение.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2022

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

ГРУПА 1

БЕЛГИЈА – СРБИЈА          одложено

ГРЦИЈА – ФРАНЦИЈА     одложено

ТАБЕЛА: Не беше одигран ниту еден натпревар.

ГРУПА 2

ЕСТОНИЈА – ГЕРМАНИЈА             23:35

БИХ – АВСТРИЈА              одложено

ТАБЕЛА: 1.Германија 4 бода (60:44); 2. Австрија 2 (31:28, -1 меч); 3. БиХ 0 (21:25, -1 меч); 4. Естонија 0 (51:66).

ГРУПА 3

РУСИЈА – УКРАИНА        30:28

ФАРСКИ ОСТРОВИ – ЧЕШКА      одложено

ТАБЕЛА: 1.Русија 3 бода (57:55); 2. Украина 1 (55:57); 3. Чешка (не одигра натпревари); 3. Фарски острови 0 (не одигра натпревари).

ГРУПА 4

ЛИТВАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА     26:34

ИЗРАЕЛ – ИСЛАНД         одложено

ТАБЕЛА: 1.Португалија 4 бода (65:48); 2. Исланд 2 (36:20, -1 меч); 3. Израел 0 (22:31, -1 меч); 4. Литванија 0 (46:70).

ГРУПА 5

ПОЛСКА – ХОЛАНДИЈА                одложено

ТУРЦИЈА – СЛОВЕНИЈА                одложено

ТАБЕЛА: 1. Холандија 2 бода (27:26, -1 меч); 2. Полска (не одигра натпревари); 3. Словенија 0 (не одигра натпревари); 4. Турција 0 (26:27, -1 меч).

ГРУПА 6

ИТАЛИЈА – НОРВЕШКА 24:39

ЛЕТОНИЈА – БЕЛОРУСИЈА           одложено

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 2 бода (39:24); 2. Белорусија 0 (не одигра натпревари); 3. Летонија 0 (не одигра натпревари); 4. Италија 0 (24:39).

ГРУПА 7

ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА  23:25

ФИНСКА – ДАНСКА         22:40

ТАБЕЛА: 1. Данска 4 бода (71:48); 2. Македонија 4 (58:47); 3. Швајцарја 0 (49:56); 4. Финска 0 (46:73).

ГРУПА 8

КОСОВО – ШВЕДСКА     16:30

РОМАНИЈА – ЦРНА ГОРА            36:27

ТАБЕЛА: 1. Шведска 4 (63:46); 2. Романија 2 (66:60); 3. Црна Гора 2 (59:61); 4. Косово 0 (41:62).