Рниќ го менува Обрадовиќ и се враќа во Пролетер

Искусниот стратег од Србија и еден од најдобрите ракометари во поранешна Југославија, Момир Рниќ се враќа на кормилото на тимот од Зрењанин.

Откако стана јасно дека екипата на Пролетер ќе ја заврши соработката со екс тренерот на Вардар, Љубомир Обрадовиќ, кој е и селектор на женската репрезентација на Србија, дојде брзо до назначување на нов стратег.

Рниќ многупати во последните години седеше на клупа на некој тим, а беше и селектор на младински селекции.

Инаку, тој пред две и пол години го напушти тимот на Пролетер, па сега практично се враќа назад во старото јато и ќе има обид да донесе подобри денови. Првичната цел е создавање на стабилен тим со база на млади ракометари од Зрењанин и околината.