Ристовски ја одведе Бенфика на чекор од групите во ЕХФ Купот

Тимот на Бенфика, каде што брани македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски, се пласираше во третото квалификациско коло од ЕХФ Купот.

Португалците на домашен терен ги играа двата натпревари со хрватската Дубрава. Во првиот победија минимално со 29-28, но за вториот дуел ја научија лекцијата и не дозволија никакво изненадување

Ристовски не доби шанса на првиот дуел, но на денешниот меч беше меѓу најдобрите поединци на теренот, а Бенфика победи со 34-16.

Со оваа победа Бенфика се избори за третото коло во ЕХФ Купот и стана потенцијален ривал на Металург.