Ристовски „пецна“: Веспрем не се глобтротери, па да не може да ги победиме

Вардар загуби во финалето на СЕХА лигата од унгарскиот Веспрем со 27-35 и му го предаде тронот на големиот ривал.

Голманот Борко Ристовски му ја честита заслужената победа на Веспрем, но вели дека ова е сегашниот максимум на Вардар и дека треба да се учи од грешките што ги направиле на овој завршен турнир.

„Веспрем заслужено го доби ова финале, му честитам. Ова е нова екипа на Вардар на која и треба повеќе време за воигрување. Мислам дека во овој момент извлековме, не можам да речам максимум, но доволно за да ни покаже каде грешиме. За 10 дена не чека прв натпревар во Лига на шампиони и мислам дека тоа е многу поважно за нас, ако сме паметни ќе ги извлечиме грешките од овој натпревар. Ќе биде многу позитивна работа за нас, ако успееме да извлечеме нешто позитивно. Мислам дека не ја продадовме кожата скапо. Веспрем е многу поквалитетен од нас, но тоа не значи дека не смеете да се борите. Мора да бидете агресивни во играта. Веспрем го почитувам многу, но не се глобтротерс, па да не можете да добиете. Веспрем водеше од почеток до крај, заслуено победи. Ние ќе се обидеме да извлечеме максимум од овој натпревар“, заврши голманот на „црвено-црните“.

Вардарци утре се враќаат во Македонија и ќе продолжат со подготовки за стартниот дуел во Лигата на шампионите против Мешков Брест.