Ристовски: Ние сме европски шампиони, но Нексе ќе направи се да нè изненади

Ракометарите на Вардар кои се рекордери по бројот на титулите во СЕХА лигата денеска ќе се обидат да дојдат до предност против Нексе за на реваншот на 15 март во Скопје да се обезбеди потврда за пласманот на уште еден Ф4 турнир во регионалната лига.

Вардар влегува во овој двобој како фаворит, но ќе мора да го оправда овој факт на теренот, па денеска и следната недела се очекуваат два интересни натпревари. Нексе е сериозен ривал и тоа се виде на двобоите против Еурофарм Пелистер, но Вардар знае како против овој тим и затоа се очекува уште денеска да се обезбеди убав резултат.

Новиот вардарец, голманот Борко Ристовски, очекува победа и елиминација на хрватскиот тим.

„Иако ова е мое деби во СЕХА, јас сум запознаен со лигата. Играме против Нексе, тим што го елиминиравме со Бенфика додека играв таму во ЕХФ Купот, па ги познавам добро. Ќе биде интересно, ќе направат се за да не изненадат, но нема да не потценат. Ние се уште сме европски шампиони и веруваме во победа. Сакам да додадам дека ми значи многу што пак сум дел од Вардар и што можам да работам со стручњак како Дејан Периќ“, вели Ристовски.

Македонскиот тим би требало да настапи во полн состав, додека кај хрватскиот вицепрвак ќе недостигаат двата десни бека, Иван Сршен и Марко Бувиниќ.

Натпреварот меѓу Нексе и Вардар се игра денеска со почеток во 17:00 часот.