Ристовски во одбрано друштво, има Топ 5 одбрана во ЛШ (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Борко Ристовски имаше добар настап на гостувањето кај тимот на Порто и имаше 15 одбрани кои не беа доволни за да се извлече подобар резултат.

Сепак, интервенциите кои ги имаше му овозможија да се најде во потесниот избор на најдобри одбрани во денот од петте средби кои вчера беа одиграни.

Една одбрана се најде во Топ 5 и тоа на 3. позиција така што покрај во изборот на најдобрите голови вардарци се присутни и во изборот за најдобри одбрани.

Ристовски е во одбрано друштво, а најдобрите пет одбрани можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.