Ристовска со тројка, ЦСКА Москва со нова победа

Екипата на ЦСКА Москва продолжува со трката за пласман во Лигата на шампионите и после 13 одиграни средби има 11 победи и 22 освоени бода, а последниот триумф дојде денеска против Динамо Синара од 33:23.

На домашен терен составот на ЦСКА Москва немаше никаков проблем така што дојде до убедлива победа водејќи во текот на сите 60 минути. На полувреме резултатот беше 16:13, но во вториот дел играта беше далеку убедлива и донесе висок триумф за тимот од главниот град на Русија.

Сара Ристовска денеска доби 25 минути и за ова време таа успеа да постигне три гола. Имаше прецизност од 50 проценти и одработе добра средба.

Со оваа победа ЦСКА Москва сега има ист број на бодови како и лидерот Ростов Дон, но има и две средби повеќе така што се очекува шампионот на Русија да остане на врвот со предност откако ќе ги одигра заостанатите натпревари.