Ристовска одлична, ЦСКА Москва подобра од Кубан

Екипата на ЦСКА Москва во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска во четвртото коло од руската лига забележа победа против Кубан Краснодар со 34:28.

Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кое заврши со резултат 18:13 за московската екипа.

Во дресот на ЦСКА Москва, Ристовска имаше стандардно добра партија и натпреварот го заврши со четири постигнати гола, додека прв стрелец во победничката екипа беше Антонина Скоробогатченко со пет постигнати гола.

Вистинско изненадување имаше во Тољати каде екипата на Лада го шокираше дрим тимот на Ростов Дон со 31:30.

Незапирлива на теренот беше ракометарката на Лада, Валерија Кирдиашева со 11 гола. Поранешната ракометарка на Вардар, Олга Черноиваненко Фомина беше втор стрелец во победничката екипа со шест гола.