Ристовска меѓу најефикасните: ЦСКА Москва со убедлива победа против Звезда

Екипата на ЦСКА Москва во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, забележа убедлива победа против Звезда Звенигород на домашен терен со 12 гола разлика, 35:23, во рамките од шампионатот на Русија.

Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кое заврши со предност од 20:9 за екипата предводена од Флорентин Пера.

На овој натпревар, Ристовска одигра во стандардна форма, постигна четири гола и беше меѓу најефикасните во својата екипа. Бидејќи резултатот немаше големо значење, двете екипи на овој натпревар излегоа со повеќе комбинации на теренот.

Натпреварот против Звезда Звенигород беше полесен тренинг за ЦСКА Москва пред дуелот од Лигата на шампионите протов Савехоф. Натпреварот помеѓу ЦСКА Москва и Савехоф е закажан за оваа недела, 17 октомври со почеток од 14:00 часот во Москва.