Ристовска и ЦСКА се загреваа за ЛШ, ја декласираа Алиса Уфа во Купот на Русија

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска заедно со ЦСКА Москва се пласираа во четврт-финалето од Купот на Русија откако беа убедливи против Алиса Уфа со високи 45:18.

Победникот на натпреварот беше јасен уште по првото полувреме кое заврши со предност од 24:10 за екипата од Москва. Екипата на Алиса Уфа на овој натпревар настапи со само 11 ракометарки на теренот.

Сара Ристовска, Карина Сабирова и Антонина Скоробогатченко со по шест гола беа најефикасни во победничката екипа.

Денешниот натпревар беше загревање за избраничките на Флорентин Пера за важниот дуел в недела против Крим Меркатор во рамки од Лигата на шампионите.