Ристовска и ЦСКА Москва ќе бркаат прв трофеј на 10 септември

Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, ќе биде домаќин на Ростов Дон вo рускиот Супер куп, кој секоја година се игра пред стартот на руското првенство.

Во Супер купот на Русија, ЦСКА Москва, како освојувач на рускиот Куп и Ростов Дон како освојувач на домашната титула од изминатата сезона, ќе се борат за освојување на златниот медал во Супер купот на Русија.

Натпреварот меѓу ЦСКА Москва и Ростов Дон е закажан за 10 септември во арената „Динамо“ во Москва, а саатницата за овој натпревар треба да биде познат во следниот период.

Супер купот на Русија во женска конкуренција за првпат се одигра во 2014 година. Во споменатата година, првиот трофеј го освои екипата на Звезда Звенигород.

Од 2015 година трофејот го освојува Ростов Дон. Во ланското издание, кое исто така беше одиграно во Москва, Ростов Дон триумфираше над московската екипа со 25:23.