Ристовска и ЦСКА Москва ја совладаа Астраханочка во руското дерби

Денес во Супер лигата на Русија во женска конкуренција се одигра дерби натпреварот помеѓу ЦСКА Москва и Астраханочка во рамките од 15-то коло.

Ракометарките на ЦСКА Москва на свој терен беа подобар противник од Астраханочка и триумфираа со два гола разлика, 31:29. На полувреме домашните ракометарки имаа предност од 17:13.

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска одигра одличен натпревар и беше една од главните ракометарки во својата екипа, постигна четири погодоци. Најефикасна во ЦСКА Москва беше Екатерина Илина со седум погодоци, додека во составот на Астраханочка се истакна Евгенија Левченко со осум погодоци.

На табелата екипата на ЦСКА Москва е на втората позиција и има биланс од 13 победи и два порази.