Ристовска и ЦСКА Москва убедливи, го добија дербито против Лада Тољати

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, одигра одличен натпревар против тимот на Лада Тољати и даде добар придонес во победата од 30:23.

Се работеше за натпревар од 11. коло од Супер женската лига на Русија. ЦСКА Москва водеше и на крајот од првото полувреме со 15:10, а на крајот беше 30:23.

Се очекуваше интересен и неизвесен натпревар, а гостинките од Москва не дозволија изненадување и при резултат 5:5, со серија од 4 гола, избраничките на Јан Лесли дојдоа до предност која ја одржуваа и во продолжение.

Македонката во дресот на ЦСКА Москва и на овој натпревар беше меѓу најдобрите стрелци. Погоди четирипати, а повеќе од неа имаше Екатерина Илина која реализираше седумпати.