Ристовска и ЦСКА Москва убедливи во дербито против Краснодар

Во дерби натпреварот во рамките од 20. коло во рускиот шампионат, тимот на ЦСКА Москва славеше убедлива победа против Кубан со 32:21.

На теренот се судрија и поранешниот селектор на Русија, Евгениј Трефилов како тренер на Кубан и поранешната руска репрезентативка, Олга Акопјан како тренер на ЦСКА Москва по отказот на Јан Лесли.

Во првото полувреме домашната екипа имаше солиден отпор кон противникот и успеа да има само еден гол негативна на паузата, 14:15. Сепак, во второто полувреме ракометарките на ЦСКА Москва не дозволија да имаат уште еден кикс во домашниот шампионат и ги запишаа новите бодови на табелата.

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска одигра солиден натпревар и постигна два гола, а нејзината колешка Полина Горшкова беше најефикасна со пет гола. Следен предизвик за Ристовска и нејзината екипа е натпреварот против АГУ Адиф на домашен терен.