Ристовска и ЦСКА Москва со убедлив триумф кај Ставропол

Екипата на ЦСКА Москва каде што настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска забележа уште една убедлива победа во првенството на Русија. Во 14. натпревар сезонава ова беше 12 победа за ЦСКА.

Сара Ристовска и колешките на гостувањето кај Ставропол беа поуспешни со 41:27 од домашната екипа и ја продолжија победничката серија и трката со Ростов и Толјати за врвот на табелата. Уште на полувремето победникот беше познат кога гостите водеа 14:24.

Десното крило на Македонија на овој натпревар имаше свој придонес во победата. Сара Ристовска постигна три гола од пет удари за поминати нешто повеќе од 35 минути на теренот.

Во следното коло Ристовска и ЦСКА Москва ќе имаат голем предизвик на свој терен кога ќе се сретнат со Астраханочка, екипа која е само два бода зад ЦСКА и ги неодамна ги совлада во Купот на Русија. Во овој момент ЦСКА се наоѓа на втората позиција во првенството на зад Ростов.