Ристовска и ЦСКА Москва не можат да најдат лек за Ростов Дон

Тимот на ЦСКА Москва загуби од Ростов Дон во рускиот Суперкуп натпревар со два гола разлика, 25-23.

Иако мечот се играше во Москва, сепак седми пат по ред во ова натпреварување славеше Ростов Дон.

Македонската репрезентативка Сара Ристовска постигна два гола од три обиди, а по четири дадоа Грос, Шамановскаја и Илина.

Кај победникот најдобар стрелец беше Манагарова со седум гола, додека Заади додаде уште шест.