Ристовска и ЦСКА Москва го освоија трофејот во рускиот Суперкуп

Тимот на ЦСКА Москва по освоениот трофеј во Купот на Русија минатата сезона, оваа сезона ја започна со трофеј во Суперкупот, што е прв во клупската историја.

Сара Ристовска и нејзиниот клуб славеа над големиот ривал Ростов Дон со четири гола разлика, 31-27, откако водеа во текот на целиот меч.

Македонската репрезентативка го одигра првото полувреме на овој натпревар и постигна еден погодок од двата обиди.

ЦСКА Москва сезонава ќе игра само во домашното првенство и според очекувањата со Ростов Дон ќе бидат први фаворити за титулата.