Ристовска и ЦСКА Москва во трилер меч загубија од Ростов Дон

Дерби натпреварот во руската лига помеѓу Ростов Дон и ЦСКА Москва заврши со резултат 21:20 за екипата на Ростов Дон.

Гостинската екипа од Москва имаше контрола на резултатот во текот на целиот натпревар, а клучни беа последните две минути.

Победничкиот гол беше постигнат од пенал, а стрелец беше репрезентативката на Франција, Грас Заади. Последниот напад за израмнување не беше искористен од страна на ЦСКА.

На полувреме резултатот беше 7:10 за екипата на ЦСКА Москва. Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, на овој натпревар постигна два погодоци од три обиди.

На табелата лидер останува Ростов Дон. Ристовска и ЦСКА Москва ќе се борат за второто место во рускиот шампионат со Лада Тољати и Астраханочка.