Ристовска и колешките се пробаа во стрелање со пушка (ФОТО)

Рускиот вицепрвак ЦСКА Москва и Сара Ристовска ги започнаа подготовките за претстојната сезона во која ќе играат во рускиот шампионат и во руско-белоруската лига.

Ракометарките се на подготовки во Кисловодск, а на еден од тим-билдинзите се пробаа и во биатлон.

Поради тоа што станува збор за зимски спорт, ракометарките наместо крос-кантри трчање на скии, трчаа без нив и потоа стрелаа со пушка.

Сезоната за Ристовска и ЦСКА Москва стартува на 10 септември, кога ќе биде одигран натпреварот од Супер Купот на Русија против Ростов Дон.