Ристовска им се врати на клупските обврски, без грешка во новиот триумф на ЦСКА Москва

По настапите за националниот тим на Македонија на Европското првенство, Сара Ристовска им се врати на клупските обврски во рускиот тим ЦСКА Москва.

ЦСКА Москва потешко од очекувањата славеше на незгодното гостување кај Звезда Звенигород со 31-29.

Македонската репрезентативка одигра едно полувреме на овој натпревар и постигна три гола од исто толку обиди.

ЦСКА Москва сега има 11 победи на 11 натпревари и е лидер на табелата со 22 бода, пред Лада и Ростов Дон со по 18 бода, откако Ростов Дон загуби на гости во Тољати.