Ристовска без грешка, ЦСКА Москва со убедлива победа го стартуваше рускиот шампионат

По одиграниот завршен турнир во Купот на Русија од минатата сезона, тимот на ЦСКА Москва стартуваше со обврските во новиот шампионат.

Тимот каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска победи на гостувањето кај Универзитет со убедливи 15-39.

Десното крило играше 24 минути на овој натпревар и успеа да постигне три погодоци од три обиди.

ЦСКА Москва во второто коло на домашен терен ќе се сретне со тимот на Кубан Краснодар.