Ристовска без грешка, ЦСКА Москва го сруши најголемиот ривал Ростов Дон!

Тимот на ЦСКА Моксва го победи вторпат сезонава најголемиот ривал во рускиот шампионат Ростов Дон, овојпат на гостински терен со 30-26.

Сара Ристовска го одигра само второто полувреме на тешкото гостување и успеа да постигне три гола од три обиди.

ЦСКА Москва сега има 34 бода, односно 17 победи на 17 натпревари, додека Ростов Дон е втор со 28 бодови.

Ристовска и нејзиниот тим до крајот на годинава ја очекуваат уште три гостувања – кај Ставропол, Кубан Краснодар и Агу Адиф.