Ристовска без грешка, ЦСКА Моксва победнички тргна од Астрахан

Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, со победа ја започна новата сезона во рускиот шампионат, откако на гостувањето во Атрахан кај Астраханочка триумфираше со четири гола разлика, 31:27 (16:16).

Избраничките на Олга Акопјан го скршија отпорот на домаќинот со подобрата игра во вторите 30 минути. Екипата на Астраханочка имаше сили да парира до 35 минута и во остатокот од натпреварот, гостинките од Москва имаа целосна контрола на теренот.

Десното крило на македонската репрезентација одигра беше грешка, постигна четири погодоци од исто толку обиди, со што беше меѓу главните стрелци во победничката екипа, која беше предводена од Елена Михајличенко со седум погодоци.

Во следното, второ коло, екипата на Ристовска повторно ќе биде гостин, овој пат против некогашниот шампион на Русија, Динамо Синара.