Ристовска без грешка, Подравка и даде силен отпор на ЦСКА Москва

Екипата на ЦСКА Москва оствари уште една победа во рамките од Лигата на шампионите. Во Москва избраничките на Јан Лесли потешко од очекуваното триумфираа против Подравка со резултат 30:26 во рамките од 12-то коло од Лигата на шампионите.

ЦСКА Москва имаше лесно прво полувреме и често доаѓаше во позиција за гол. Првото полувреме заврши со два голови предност за ЦСКА Москва, 18:16. Во вториот дел Подравка играше добра одбрана и во 43-та минута со голот на Даниела Карлос го имаше првото водство, 22:23.

Сепак грешките во последните седум минути, промашениот пенал и изгубените топки во четирите напади по ред беа причина за поразот на хрватскиот шампион во Москва.

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска имаше 100% ефикасност на натпреварот и заврши со четири погодоци од исто толку обиди. Најефикасна во победничкиот табор беше Полина Ведехина со шест погодоци, а кај Подравка, Дејана Милосављевиќ даде исто толку.

Овие две екипи веќе утре ќе го одиграат вториот натпревар. Во Москва екипата на Подравка формално ќе биде домаќин.