Ривал на Еурофарм Пелистер со нов тренер – Со екс-селектор на Македонија доаѓа во Битола

Екипата на Татабања од Унгарија на 23 ноември треба да гостува во Битола кај составот на Еурофарм Пелистер во 4. коло од Групата Д во Лигата на Европа, а на тој дуел ќе има нов тренер откако Владан Матиќ си поднесе оставка минатата недела.

На клупата на Татабања седнува поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Драган Ѓукиќ. Стратегот кој работеше и како селектор на Велика Британија, Израел, Црна Гора… беше советник во Грузија, добро знае како е да се биде тренер во Унгарија бидејќи пред да дојде во Вардар беше на клупата на Пик Сегед.

„Ја знам ситуацијата во тимот. Има многу да се направи, затоа треба да се движиме брзо. Почнуваме со работа без репрезентативците. На некој оваа пауза од натпревари доаѓа добро бидејќи можеме десетте дена до натпреварот против Чурго можеме да ги поминеме корисно. Играчите ќе можат да видат поинаков вид на работна филозофија. Потребно ни е време бидејќи не чека многу важен период бидејќи после ова нема пауза до средината на декември“, коментираше новиот тренер на Татабања за клупскиот сајт.

Договорот со Татабања му е до крајот на оваа сезона.