Ривалот на Македонија поразен на првиот тест од Романија

Ривалот на Македонија во баражот за Светското првенство 2023, репрезентацијата на Украина за време на ЕХФ неделата одлучи да тестира против Романија.

Украинската селекција на првиот дуел против Романија во Бистрица беше поразена со пет гола разлика, 29:24.

Двете репрезентации вториот пријателски натпревар ќе го одиграат утре, со почеток од 16:30 часот.

Ракометарките на Македонија првиот натпревар од баражот за Мундијалот 2023 во Данска, Шведска и Норвешка, го играат на 8 април во Скопје од 19:00 часот, додека реваншот ќе се игра во Кишварда со почеток во 17:00 часот на 11 април.

На останатите пријателски натпревари, селекцијата на Словенија немаше проблеми против Словачка, триумфираше со 31:20, убедлива победа оствари и Шпанија, која ја декласираше репрезентацијата на Зеленортските Острови со 35:11.