Ривалот на Македонија покажа слабости: Австрија едвај ја победи Холандија

Еден од противниците на Македонија на претстојното Европско првенство во јануари следната година, домаќинот Австрија, забележа втора победа во рамките на ЕХФ недела.

По триумфот над Србија, избраниците на Алеш Пајовиќ, иако славеа и над Холандија со 26-24, сепак покажаа слабости во играта.

Иако во повеќе наврати имаа предност од три погодоци, никако не можеа да го скршат до крај отпорот на незгодните холандски ракометари.

Најдобри стрелци, како и на дуелот против Србија, беа бековите на Кил и Гумерсбах, Јанко Божовиќ и Никола Билик со по пет погодоци.