Ривалот на Вардар загуби третпат по ред: Нексе реди порази на пријателските натпревари

Првиот противник оваа сезона на Вардар на официјален натпревар, хрватскиот Нексе Нашице, загуби на трет пријателски натпревар по ред.

По Загреб и Чурго, мерка на избраниците на Хрвоје Хорват им зема и Тримо Требње, кој од ова лето го има Урош Зорман на клупата.

Словенечкиот тим славеше со 33-28, а и на полувреме имаше водство од два гола разлика, 17-19.

Најефикасен во победничкиот тим беше Цирар со десет голови, додека кај Нексе се истакна Јагањац со шест погодоци.