Рибера направи уште две измени во тимот пред двобоjoт со Македониja

Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Жорди Рибера направи уште две измени во составот кој го подготвува за Медитеранските игри кои ќе се одржат во Алжир.

Претходно исто така Рибера го менуваше составот кој првично го повика на подготовки, а еден од новите повикани играчи, Рубен Марчан сепак нема да биде во тимот на МИ, исто така отпадна и Ињаки Печина.

На нивно место се повикани нови двајца играчи од Асобал лигата, тоа се Антонио Базан од Анаитасуна и Алберто Мартин од Кангас. Двајцата нови повикани играчи играат на пикерската позиција.

Шпанија е во група со Македонија, а во истата група уште се и Грција, Турција и Алжир. Медитеранските игри ќе се одржат во градот Оран во Алжир во периодот од 28. јуни до 6. јули 2022 година.