Репрезентативците добиваат ден плус, Супер лигата го поместува 8. коло

Натпреварите од 8. коло во Супер машката лига кои според календарот треба да се oдиграат следниот викенд ќе бидат поместени и репрезентативците ќе добијат ден повеќе за подготовки.

Според календарот за одигрување на натпревари 8. коло е закажано за 24 и 25 април, но сега ќе биде поместено за 23 и 24 април односно за петок и сабота. В петок ќе се играат средбите во кои дел се оние играчи кои ќе се најдат на списокот, додека в сабота другитре дуели.

Инаку, репрезентацијата на Македонија ќе се подготвува за дуелите со Финска и Швајцарија со кои ќе ги финишира квалификациите за Европското првенство во 2022 година на кое е пред пласман, а според некои математики веќе и пласирана.

Викендов во Супер лигата се игра 7. коло така што останува да биде одиграно и осмото пред да дојде паузата поради ЕХФ неделата, а потоа ќе може сите да се посветат на обврските на домашна сцена.