Реистад најдобра во данското првенство за 2021 година

Норвежанката од редовите на Есбјерг, Хени Реистад е прогласена за најдобар играч за 2021 година во данското ракометно првенство.

Од Данската ракометна асоцијација потврдија дека Реистад ја освоила наградата, а за неа гласале 30% од испитаниците. Така Реистад стана третата ракометарка на Есбјерг која го освоила ова признание.

Во 2021 година Реистад ја освои Лигата на шампионите со нејзиниот поранешен клуб Кристијансанд и беше избрана за МВП на фајнл-фор турнирот. На Олимписките игри во Токио стигна до бронзениот медал, а во декември ја освои светската титула.

Со Есбјерг успешно настапува во Лигата на шампионите, а во данскиот шампионат постигна 135 голови реализирајќи 73.6% од ударите.