Рајн Некар се претвори во корона жариште – шести позитивен случај!

Откако беа потврдени позитивните тестови на Мадс Менса Ларсен, Гедеон Гвардиола, Јаник Колбахер, Микел Апелгрен, како и тренерот Мартин Швалб, денеска беше потврдено дека уште еден ракометар се  заразил со коронавирусот.

Станува збор за десното крило Патрик Грецки. Германскиот репрезентативец ја соопшти оваа вест на Инстаграм.

„Се оди нормано. Имав температура, кашлав и чувствував замор. Потоа дознав за позитивниот тест. Деновите ги поминувам во постела, но сега се чувствувам подобро“, напиша Грецки.

Како што се развива ситуација, Грецки сигурно нема да биде последниот „лав“ што е заразен од коронавирусот.