Рајн Некар не дава бодови два дена, го среди Кадетен во десетина минути

Ракометарите на Рајн Некар на вториот натпревар во два дена против Кадетен успеа да забележи победа од 34:27 со што ги постави работите на свое место откако вчера двете екипи ремизираа и одиграа 30:30.

На денешната средба имаше израмнета игра во поголемиот дел. Практично и двете екипи имаа што да покажат до средината на второто полувреме. Дотогаш беше многу израмнето.

Кадетен го доби отворањето на средбата, но потоа составот на Рајн Некар успеа да надомести и да дојде до поправање на работите бидејќи стигна до предност. Сепак, на одмор се замина со 15:15.

Средбата продолжи израмнето и во следните 10-15 минути, а гостите клучната предност ја направија после 22:22. Стигнаа до шест гола во серија, а малку потоа водеа и со 30:23 така што веќе немаше дилеми кој ќе дојде до победа на овој дуел. Во завршните пет минути само се чуваше високото водство за конечни 34:27 и нови бодови за Рајн Некар.

Ова се екипи кои се во група со Еурофарм Пелистер. Тимот на Рајн Некар ќе гостува во Битола на 23 февруари, додека битолчани ќе гостуваат во Швајцарија кај Кадетен на 2 март.

3 февруари 2021
27 - 34
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
3 февруари 2021 20:47 ЛИГА ЕВРОПА D 2020/2021 03.02.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН1527Пораз
Рајн Некар Ловен1534Победа

КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Кристијан Пилиповиќголман00
3Анхел Монторо Кабељодесен бек00
4Самуел Зендерлево крило01
7Габор Часарцентрален бек08
8Ерик Шмитпивот20
9Јонас Шоперпивот01
10Донат Бартокдесен бек04
12Игнасио Биска Гарсијаголман00
14Филип Новакпивот00
15Жарко Шешумцентрален бек01
18Максимилијан Герблдесно крило02
20Лука Марошлев бек04
21Јонас Шелкерцентрален бек00
22Себастијан Фримеллево крило04
24Ник Томинецдесно крило00
26Лукас Хербургерлево крило02
 Вкупно 227

Рајн Некар Ловен

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Андре Шмидцентрален бек16
3Уве Генсхајмерлево крило09
4Eлијас Шолтесдесен бек00
6Никлас Вест Киркелокедесен бек07
9Мат Патраиллев бек01
16Никлас Гирсеголман00
17Јери Толбринглево крило00
19Филип Ахуансулев бек00
20Илија Абутовиќлев бек00
24Патрик Грецкидесно крило04
29Давид Шпетголман00
33Имир Гисласонпивот01
36Јеспер Нилсенпивот00
65Лукас Нилсонлев бек01
80Јаник Колбахерпивот05
 Вкупно 134
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФУКСЕ БЕРЛИН10100020
2АРХУС1070314
3БИДАСОА ИРУН104159
4МОТОР103167
5АГУА САНТАС101274