Рајн Некар „купува“ од вториот тим

Рајн Некар во својата втора екипа пронајде талент кој се очекува да биде еден од главните играчи на тимот во иднина. Управата на клубот одлучи да му понуди договор на најдобриот играч во нивниот втор тим Јанис Шнаибел. За младиот Германец ова е прв професионален договор.

Шнаибел е 19 годишен централен бек кој со своите одлични игри во вториот тим си обезбеди прекомандување во најдобриот состав на Рајн Некар.

Договорот започнува да важи од 1 Јануари 2020 година, а е со траење до летото во 2021 година. Приклучувањето на младиот ракометар во првиот тим е голема шанса за напредок особено ако се знае какви мајстори играа во екипата.