Рајн Некар без најдобриот стрелец до крајот на сезоната

Германскиот Рајн Некар ја извести јавноста дека еден од најдобрите ракометари во нивниот тим, Уве Генсхајмер ќе ги пропушти натпреварите против Чеховски Медведи во рамките од четвртфиналето од Лигата на Европа. Освен европските натпревари, Генсхајмер нема да настапи и на следните натпревари од Бундеслигата.

Искусниот ракометар поради повреда на менискусот на коленото изврши операција пред неколку дена. За 34 годишниот ракометар следува пауза, но од Рајн Некар се надеваат дека ќе може да им помогне во финишот на сезоната, иако тоа е под знак прашалник.

Во германскиот тим надвор од терените поради повреда се наоѓаат и Илија Абутовиќ и Микаел Апелгрен. Сепак, тимот од Манхајм не стравува многу бидејќи замената за Уве Генсхајмер, Џери Толбринг се наоѓа во добра форма и прикажува одлична игра на последните натпревари.

Првиот натпревар помеѓу Рајн Некар и Чеховски Медведи во рамките од четвртфиналето од Лига на Европа е закажан за 13 април во Чехов со почеток од 18:45 часот. Реванш натпреварот ќе се одигра една недела подоцна односно на 20 април со почеток од 18:45 часот во Хајделберг.