Рахмани беше незапирлива, Чаир лесно против Овче Поле СУ

Ракометарките на Чаир во натпревар од 6. коло од плеј-оф фазата во Женската лига на свој терен го совладаа Овче Поле СУ со осум гола разлика, 38:30.

Гостинките од Свети Николе парираа до 15-та минута од дуелот, во неколку наврати беа во водство, но во останатиот дел не успеаја да бидат рамноправен ривал.

Чаир на полувреме замина со предност од 20:12, во вторите 30 минути имаше резултатска предност и од плус 12, па убедливото водство донесе му донесе мало опуштање на домашниот табор.

Незапирлива на теренот беше членката на Чаир, Љеонора Рахмани со 11 погодоци. Кај Овче Поле СУ најдобар стрелец беше Анастасија Сентовска со девет реализации.

Чаир со новата победа се зацврсти на 2. позиција, сега има 27 бодови, додека  третопласираниот Куманово 22. Ѓорче Петров е на лидерското место, на свое конто има 31 бод.