Раул Алонсо не е повеќе тренер на Мешков Брест

Белорускиот првак Мешков Брест во новата сезона ќе има нов стручен штаб. Досегашниот стратег Раул Алонсо заминува од клупата по три сезони.

Иако Мешков Брест ја игра најдобрата сезона во клупската историја и обезбеди место во четвртфиналето на Лигата на шампионите, сепак ќе има тренерска разделба.

Раководството на белорускиот тим посакувало да ја продолжи соработката со Раул Алонсо, но тој поради приватни причини сакал да се врати во Германија, каде што живее неговото семејство.

Неговата замена на клупата на Мешков Брест ќе биде позната во следните неколку дена, а главен кандидат за испразнетото место е Урош Зорман.